Роналдињо: Ти благодарам, стари… (Фото)

ronaldinho-nagore

Братот на Роналдињо пред два дена и приреди непосакувано изненадување на светската спортска јавност, објавувајќи дека фудбалската легенда од Бразил одлучил да стави крај на својата фудбалска кариера.

Веднаш после ова, следуваа безброј пораки на социјалните мрежи преку кои големите фудбалски ѕвезди одлучија да му се заблагодарат на неверојатниот виртуоз за сето она што го оствари во својата незаборавна кариера, а ова попладне конечно пристигна и порака од неговата страна со која одлучи да ги потврди новостите, а истовремено да најави што ќе следува од негова страна.

– Благодарен сум на Бога, за ова што ми го овозможи, за она што и го овозможи на мојата фамилија и за тоа што ми ја даде оваа професија. После речиси цели три декади посветени на фудбалот, се откажувам од мојот сон кој успеав да го реализирам. Го правев тоа што најмногу го сакав, 20 години како професионалец и 10 години при основите кои ги добивав. Интензивно го живеев овој сон уште од дете, го сакав секое патување, секоја победа, секој пораз, секое патување до соблекувалната, влегувањата на теренот, копачките кои ги носев, убавите и лошите топки со кои играв, овациите кои ги добивав, феномените со кои играв…. Во целост, сето тоа беше неверојатно. Сите што ме познавате, знаете дека јас сум многу тивок и дека немам намера да зборувам многу, но сега мора да кажам се од срце, премногу сум благодарен на сите, ги сакам сите. Тренерите, кондициските тренери, директивите на клубовите за кои играв, навивачите, кондукторите на автобусите, собирачите на топките, судиите и новинарите. Благодарен сум што конструиравме една историја, без вас, ништо од ова немаше да биде возможно. Во месец март ќе имаме соопштение за тоа какво ќе биде опростувањето и кои ќе бидат моите следни чекори. Засега, ова е моето заблагодарување. Фразата „ти благодарам, стари“ беше моја инспирација толку многу време и ми беше соиграч во многу победи!!! Ви благодарам на сите пораки и поддршката. Голема прегратка до сите, бев многу среќен што бев дел од овој спорт и од оваа професија, – гласи емотивната порака на Рони.

Obrigado Sr. meu Deus, por esta vida que me deste, família, amigos e minha primeira profissão!!! Após quase três décadas dedicadas ao futebol, me despeço do meu maior sonho, sonho realizado!!! Fiz o que mais amei profissionalmente por 20 anos, e 10 como formação de base. Vivi intensamente este sonho de criança, cada instante, viagens, vitórias, derrotas, a resenha, hino nacional, a caminhada no túnel, vestiário, entrada em campo, as chuteiras que usei, as bolas boas e ruins, homenagens que ganhei, os craques que joguei, os que admirei e joguei e os que só joguei no play, mas admiro até hoje! Enfim tudo foi incrível!!! Meu pai e minha família me apoiaram muito pra chegar até aqui, foi um trabalho em equipe. Chegamos ao fim da primeira etapa com uma história bonita pra contar… Vocês me conhecem, e sabem bem que sou tímido e não tenho o costume de falar muito, mas tenho que dizer a vocês muito obrigado, de coração, de alma lavada, pois fiz o que amo com a ajuda de todos, treinadores, preparadores, comissões inteiras, dirigentes, torcida a favor e contra, o motorista do ônibus, o roupeiro, o gandula, o árbitro e a imprensa. Obrigado, construímos juntos esta história, sem vocês nada seria possível… No mês de março faremos um anúncio de como será esta despedida e os próximos passos. Por enquanto, aqui vai meu muito obrigado ⚽. Aquela frase famosa “gracias vieja” por ser a minha fonte de inspiração por tanto tempo e companheiros de muitas vitórias!!! Obrigado a todos pelas mensagens e carinho!!! Um abraço forte, fui muito feliz fazendo deste esporte a minha vida e profissão.

A post shared by Ronaldo de Assis Moreira (@ronaldinho) on

Facebook Коментари