Поврзете се со нас

Шпанија

Роналдињо со порака до Меси: Кога тој ќе се пензионира…

Објавено

на

Еден од најголемите фудбалски волшебници на сите времиња, Роналдињо испрати порака до неговиот добар пријател Лионел Меси кој во овој момент е слободен фудбалер откако му истече договорот со Барселона.

Меси засега е на одмор и поради тоа се уште официјално го нема решено клупското прашање со тоа што информациите се дека тој ќе остане на „Камп Ноу“, поточно ќе потпише нов петгодишен договор. Меѓутоа ова не е потврдено и се додека е така се е отворено, па славниот Роналдињо се одлучи да му даде совет за тоа што треба да направи во овој момент, сегашната ситуација.

-Тој мора да остане, тој историја на Барса. Кога Меси ќе се пензионира, што се надевам дека нема да биде во брзо време, може таму да ја остави „десетката“ и никој повеќе да не ја допре, -вели Бразиелцот за „Тутомеркато“.

Роналдињо многу добро го познава Меси на кого му ги отвори вратите на „Камп Ноу“, односно точно по негово додавање Лео го даде првиот гол за Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни