Поврзете се со нас

Италија

Роналдињо: Посебно следам два клуба од Италија, две личности се во моето срце!

Објавено

на

По спектаклот кој го изрежира во Тел Авив, Роналдињо сега се наоѓа во Сицилија каде треба да ја прими меѓународната награда за извонредно извршување на јавни обврски во фудбалскиот свет, а тоа се покажа како добра прилика за „Тутомеркато“ да направи кратко интервју со големиот бразилски ас.

Легендата на бразилскиот фудбал своите најдобри фудбалски денови ги имаше во Барселона, но свое наследство остави и во Италија каде играше за Милан, клуб кој и натаму го следи од далечина.

Поточно, Роналдињо открива дека посебно следи два клуба од Италија, Милан за кој настапуваше во блескавата играчка кариера, но и Монца која ја водат неговите пријатели Берлускони и Галијани.

– Одново доживеав топло добредојде во Италија и навистина сум многу среќен. Се уште будно го следам Милан, направија одлични работи минатата сезона. Милан е клуб од светска класа и се надевам дека ќе продолжат да се развиваат како минатата сезона.

– Покрај Милан, во моето срце се и Берлускони и Галијани и затоа следам што се случува со Монца. Со нетрпение ја чекам Моца во италијанската Серија А, убеден сум дека тоа ќе се случи многу брзо, – потенцира Роналдињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни