Роналдињо откри што ќе прави по крајот на кариерата: Наредната година му кажувам збогум на фудбалот, потоа ќе…

roni

Иако големиот фудбалски мајстор Роналдињо од 2015 година нема ангажман се уште официјално и нема ставено точка на својата активна кариера со тоа што тој чекор ќе го направи во 2018 година.

Ова го посочи некогашниот ас на Барселона, Милан и ПСЖ притоа откривајќи кои му се плановите за во иднина.

-Има шанса да му кажам официјално збогум на фудбалот наредната година. Може да одиграм некои проштални мечеви за клубовите за кои настапував, мора да тоа добро да размислам, -рече Гаучо и додаде:

-Кога ќе се повлечам од фудбалот ќе се насочам кон моите музички проекти и моите фудбалски школи. Тоа е нешто ново за мене, ќе морам да се прилагодам, -истакна волшебникот од Порто Алегре.

Facebook Коментари