Роналдињо објави крај на кариерата и најави одјавување од фудбалот со незаборавен и величествен спектакл!

ronaldinhho-gol

Роналдињо во изминативе десетина години ги правеше среќни и весели сите вистински љубители на фудбалот, не само поради своите фудбалски магии и мајстории кои ги понудуваше на теренот, туку и поради својата уникатна насмевка со која им ги стоплуваше срцата на сите големи фанови на оваа игра.

За жал, она што се најавуваше и беше очекувано во последните две години, денеска го потврди неговиот брат и агент, а тоа е неговото фудбалско пензионирање кое ќе се случи по Светското фудбалско првенство во Русија кое е на програмата претстојново лето.

Неговиот брат Асис Мореира најави дека неговиот брат ќе се пензионира на величествен начин, односно на незаборавен ревијален меч кој најверојатно ќе се одржи во месец август.

– Роналдињо повеќе не сака да игра професионално фудбал, разговаравме за тоа и донесе одлука. Всушност, тој не игра професионално веќе извесно време, а фалеше само да го потврди тоа. На крајот тоа го направи и сега преостанува да организираме нешто големо. Засега нема ништо, ќе организираме прошателен меч по Светското првенство во Русија. Ќе направиме нешто многу големо, нешто добро за фудбалот. Најверојатно ќе се случи тоа во август, – изјавил братот на Роналдињо за бразилските медиуми.

Facebook Коментари