Поврзете се со нас

Франција

Роналдињо: Не очекував да го видам Меси во дресот на ПСЖ

Објавено

на

Роналдињо беше специјален гостин на ПСЖ на натпреварот против РБ Лајпциг од Лигата на шампионите, а француските медиуми го искористиле неговото присуство во Париз за да реализираат неколку интервјуа.

Во тоа за „Ле Паризиен“, бразилската легенда зборувал за Меси и фактот дека не очекувал да го види како го носи дресот на ПСЖ.

– Среќен сум што го гледам во клубот во кој јас ја започнав европската етапа, иако тоа не е нешто што очекував да се случи.

– За мене ова е големо изненадување, очекував дека ќе ја заврши кариерата во Барселона.

– Го сакам ПСЖ, но никогаш не помислив дека можам да го видам Меси во дрес кој не е на Барселона, – изјавил Роналдињо кој му беше соиграч на Аргентинецот во шпанскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни