Поврзете се со нас

Свет

Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…

Објавено

на

Лионел Меси и Кристијано Роналдо веќе се на крајот на нивните импресивни и богати кариери и веќе доаѓа нова генерација која треба да ги наследи и го продолжи нивниот пат, поточно да ја пренесе магијата на фудбалот на некои нови деца во иднина.

Еден од тие предводници на новиот бран дефинитивно е Килијан Мбапе кој веќе некое време блеска во дресот на Пари Сен Жермен, но и за француската репрезентација со која пред неколку години стана и светски шампион. Меѓутоа се уште ја нема освоено „Златната топка“, најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот.

Често има коментари од типот дека тоа ќе го направи само кога ќе си замине од ПСЖ, став со кој не согласува легендарниот Роналдињо.

-Голем играч како него може да има шанса да ја освои Златната топка за кој било тим, но бидејќи го сакам ПСЖ, сакам тоа да го направи со ПСЖ., -порачал славниот Бразилец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни