Роналдињо го издвои тимот во кој сака да го види Нејмар

nejmar

Бразилската фудбалска легенда, Роналдињо го издвои тимот во кој сака да го види неговиот сонародник Нејмар кој во моментов е дел од францускиот шампион Пари Сен Жермен.

Роналдињо смета дена напаѓачот е негов пријател кој сака да биде среќен, а за да биде така најдобра опција е да се врати во Барселона.

-Сакам моите пријатели да бидат среќни без разлика каде и да се. Ама логично е што сакам да го видам повторно во Барселона со Суарез и Меси. Заедно правеа неверојатни работи. Без сомнеж, денеска Нејмар е нашиот најголем идол во Бразил. Го сакам неговиот стил на игра. Кога и да имам можност да го гледам како игра, прави добро да се чувствувам. Се надевам се ќе биде како што треба за него, -порачува Роналдињо.

Facebook Коментари