Поврзете се со нас

Шпанија

Ромеро со два атрактивни гола го остави Атлетико без победа кај „фенерџијата“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/LaLiga

Атлетико Мадрид направи неочекуван кикс и тоа против најславиот тим во оваа сезона во шпанската примера, составот на Алмерија.

Избраниците на Диего Сименоне освоија само бод против „фенерџијата“ играјќи 2-2. Гостите од Мадрид тргнаа добро и во втората минута го отворија резултатот преку напаѓачот Кореа.

Меѓутоа веќе во 27 минута беше 1-1 и за тоа се погрижи младиот Ромеро со одличен удар од далечина. До новите возбудувања се чекаше второто полувреме во кое фаворитот го врати водството со погодокот на Де Пол во 57 минута.

Одговорот стигна 7 минути подоцна кога Ромеро со нов атрактивен гол израмни на 2-2 што на крајот се покажа како конечен резултат.

Со 52 бода популарните „душекџии“ се на 4 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни