Ромеро направи голема глупост, Јунајтед доживеа срамна елиминација од Дерби (Видео)

derbi-junajted

Играчите на Манчестер Јунајтед им приредија уште едно непријатно изненадување на своите навивачи, откако вечерва н „Олд Трафорд“ доживеаја срамна елиминација од далеку послаб противник во воведната рунда на Карабао купот.

Мурињо одмори пет играчи од првиот тим во дуелот со тимот од Чемпионшип лигата, а иако голот на Мата во 3-та минута најави мирна вечер за португалскиот стручњак, сепак тоа не беше така. Дерби предводен од легендарниот Френк Лампард на клупата се избори за голема сензација на тетарот на соништата, бидејќи во вториот дел успеа да направи пресврт.

Вилсон со одличен гол од слободен удар израмни на 1:1 во 60-та минута, а седум минути подоцна голема глупост направи Ромеро кој доби црвен картон поради тоа што ја фати топката со рака надвор од шеснаесетникот. Тоа го искористија гостите и во 85-та минута направија пресврт со голот на Мериот, но Фелаини во 95-та минута го одведе овој дуел во пенал рулет.

Во драматичната завршница, изведувачите беа прецизни се до 8-та серија, во која трагичар беше стоперот Џоунс кој со својата утка го одведе Дерби во наредната рунда на Карабао Купот.

Facebook Коментари