Ромеро го уништи „ламборгинито“ од 170.000 фунти (Видео)

romero

Вториот голман на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро имаше лош старт на новата работна седмица и тоа со сообраќајќа во која немаше повредени, но беше уништено возило вредно 170.000 фунти.

Аргентинецот се заби во заштитна ограда близу до тренинг-кампот на клубот и за среќа мина без повреди, па дури според информациите тој по овој немил настан учествувал во тренингот на Јунајтед. Времето во Манчестер е многу студено и температурите се ниски и најверојатно Ромеро загубил контрола врз возилото со што дошло до стравотниот удар во кое Ламборгиното е во целост уништено.

Facebook Коментари