Ромеро го потврди клубот во кој ќе настапува во новата сезона

romero

Кристијан Ромеро пред два дена ги мина лекарските прегледи во Јувентус, но веќе денеска се врати во својот досегашен клуб Џенова, каде ќе настапува и наредната сезона.

Аргентинскиот дефанзивец ги импресионираше челниците на „старата дама“ во својата дебитантска сезона во Серија А, а Џенова ќе добие меѓу 15 и 20 милиони евра за неговиот трансфер.

Сепак, планот на Јувентус е барем уште една сезона Ромеро да му остане соиграч на Горан Пандев, а следното лето ќе биде повторно разгледана ситуацијата и направена проценка дали треба да дојде во матичниот клуб.

– Сега мојата глава е само во Џенова. Стартуваме одлична сезона со напорна работа, Форца Џенова, – напиша Ромеро на Инстаграм, потврдувајќи дека останува дел од ростерот на клубот кој го продаде во Јувентус.


View this post on Instagram

Ora la testa solo a @genoacfcofficial . iniziamo con il lavoro, per un grande anno. #forzagenoa🔴🔵 💪🏽💪🏽

A post shared by Cristian Romero (@cutiromero2) on

Facebook Коментари