Поврзете се со нас

Репрезентација

Романскиот селектор: Ова беше како боксерска пресметка, не сум видел фудбалер како Пандев

Објавено

на

Романскиот селектор Мирол Радои очекувано е задоволен со победата на неговите избраници на дуелот со Македонија, но и самиот признава дека за малку избегнале да ја прокоцкаат сериозната предност која ја имаа до завршницата.

– Ова навистина беше трилер натпревар. Ни изгледаше дека ќе стигнеме лесно до победата, дека сè оди во наша корист, а потоа добивме куршум во глава.

– За една минута можевме да загубиме сè што направивме, но имавме и добар противник. Драго ми е што се вративме, ова беше како боксерска пресметка.

– Мора да му честитам на Горан Пандев. Никогаш не сум видел на неговата возраст кој може толку лесно и брзо да најде слободен простор и кој може така да ја штити топката во негов посед. Честитки за неговата кариера, – изјавил Радои.

Романија победи со 3:2, откако голот за победа домаќините го постигнаа непосредно по израмнувањето на македонската репрезентација, која за неколку минути надомести два гола негатива.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни