Поврзете се со нас

Европски првенства

Романскиот селектор лут поради „теориите на заговор“: Тактизиравме само последните 10 минути

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/hai_romania

Романија и Словачка одиграа со нерешени 1:1, резултат за кој однапред беше познато дека ќе ги одведе и двете селекции во осминафиналето, а дел од фудбалската јавност уште неколку дена пред дуелот шпекулираше дека двете селекции ќе тактизираат и ќе си обезбедат „пријателско реми“ без посебни ризици.

Ваквите ставови предизвикаа незадоволство во таборот на Романија и Словачка, а тоа го истакнал и романскиот селектор Еди Јорданеску на прес-конференцијата по натпреварот.

Романците го освоија првото место во својата група и ќе се соочат со Холандија во осминафиналето, а Јорданеску потенцирал дека неговата селекција тактизирала само во финишот, кога никој не сака да ризикува.

– Мислам дека беше видливо дека двете селекции го дадоа својот максимум во 80 минути од натпреварот.

– Срамно е она што се зборуваше за фудбалерите и начинот на кој беа посипани со кал без никакви аргументи. Требаше да почекаат да го видат натпреварот па да ни судат, Романија игра со гордост, па и да загубевме ќе си заминевме дома горди од сопствениот пристап, – рекол Јорданеску, дополнувајќи дека неговиот тим бил внимателен и подефанзивен само во последните десет минути од средбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни