Поврзете се со нас

Лига на нации

Романскиот капитен за дуелот со Косово: И ние бевме навредувани, па не го напуштивме теренот

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/razvanmarin

Контроверзниот финиш на дуелот меѓу Романија и Косово во Лигата на нации носи дополнителни коментари од сите страни, а УЕФА допрва ќе треба да одлучи кому ќе му припаднат бодовите од средбата која одлучува и за конечниот пласман.

Косовските репрезентативци решија да го напуштат теренот во завршницата поради провокациите од домашните навивачи, а таквиот потег е неприфатлив за домаќините, нешто што во својата изјава го потврдил капитенот Разван Марин.

– Никогаш не ми се случило вакво ништо и не сакам ни да размислувам за тоа што го направија, тоа е непочитување кон фудбалот.

– И ние бевме исвиркувани, навредувани, провоцирани и нарекувани „цигани“ на гостувањето кај нив, но не го напуштивме теренот. Зарем треба да слушаме се што ќе се каже од трибините?

– Нашите навивачи можеби кратко извикуваа слоган кој не им се допадна, но тие провоцираа, веројатно видоа дека не можат да победат. Очекуваа таква провокација за да направат сцена, – изјавил Марин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни