Романски судија призна дека и подарил пенал на Швајцарија во баражот за СП во Русија (Видео)

hategan

Познатиот романски судија Овидиу Хатеган признал дека тој и неговите асистенти направиле грешка на бараж натпреварот меѓу Швајцарија и Северна Ирска.

Швајцарците на домашен терен победија со 1:0 со гол од непостоечки пенал, а откако реваншот заврши без голови, тој погодок се покажа и како решавачки за одредување на патникот на Светското првенство во Русија.

– Тоа беше тажен и непријатен момент за мене. Тажен затоа што направи грешка, а болен затоа што инаку нашиот судиски тим добро го судеше преостанатиот дел од натпреварот. Но, кај судиите е исто како кај голманите, секоја грешка се приметува и се памети, – изјавил Хатеган во својата земја.

И покрај ваквата грешка, Хатеган е меѓу судиите кои ФИФА ги избра за претстојното СП во Русија.

Facebook Коментари