Поврзете се со нас

ВТА

Романска тенисерка за првото сеќавање од грен слем: Бев шокирана една недела кога ја видов Серена гола

Објавено

на

blank

Романската тенисерка Александра Катанцу својот најдобар ранкинг го имаше во 2014-та година кога дојде до 59-то место, а како тенисерка која се уште е активна на ВТА турот, предизвика големо внимание во совјата родна земја со последната изјава.

Катанцу има остварено само една победа на грен слем турнирите иако има осум учества на најсилните натпреварувања, но кога доби прашање да ја потенцира најзначајната импресина од првиот грен слем на кој настапила, Романката даде една неочекувана изјава.

Истата е поврзана за најдобрата тенисерка во поновата историја на тенисот, феноменалната Серена Вилијамс кој со години наназад доминираше во женска конкуренција.

– Прво сеќавање од грен слем турнирите ми е она кога влегов во соблекувалната и кога ја видов Серена Вилијамс.

– Таа беше гола и бев шокирана една недела од тоа што го видов. Беше толку голема, изгледа феноменално, но навистина неверојатно е како игра и како се движи со таа големина, – порачува Катанцу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни