Поврзете се со нас

Европски првенства

Романките ја шокираа Шпанија со гол во последната секунда (Видео)

Објавено

на

Романија ја обезбеди втората победа на Европското ракометно првенство, триумфирајќи на драматичен начин на синоќешниот дуел со Шпанија.

Натпреварот кој беше на програмата во групата во Скопје донесе интересен финиш, во кој во херој на романските фанови се претвори Бјанка Базалиу.

Шпанските ракометарки, па и коментаторот веќе помислија дека ремито е конечен епилог на мечот, но така не мислеше и Базалиу која испрати силен удар од петнаесетина метри и успеа да постигне гол во последните секунди.

Романките не пренесоа бодови во главната фаза, па ова се првите за нив и сега се во иста позиција со Шпанија, Германија и Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни