Ромањоли предизвикал сообраќајна несреќа во која има двајца повредени

romagnoli-1

Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли предизвикал сообраќајна несреќа, во која две лица од друг автомобил заработиле повреда, но се вон животна опасност.

Ромањоли патувал од Милано кон родниот Анцио каде живеат неговите родители, а откако изгубил контрола над својот Smart, тој удрил во друг автомобил, кој пак завршил во бетонската ограда.

Двете лица кои биле во автомобилот веднаш се пренесени во болница и завршиле со полесни повреди и исеченици, а дополнително ќе биде познато каква одговорност за ова ќе сноси италијанскиот репрезентативец.

Facebook Коментари