Поврзете се со нас

Светски првенства

Романија со проверени сили ќе се спротивстави на Македонија: Радои со сите ѕвезди на мегдан со нашата селекција

Објавено

на

blank

Додека ние го очекуваме списокот на повикани фудбалери за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство што ќе се одржи во 2022 година, од таборот на Романија ги објавија имињата на фудбалерите на кои ќе се смета за натпреварите меѓу кои ќе биде и тој со Македонија на 25 март.

Селеторот на Романците, Мирел Радои со проверени сили ќе и се спротивстави на репрезентацијата на Македонија.

Во составот ќе биде и првата ѕвезда, напаѓачот на извесно новиот шампион на Шкотска, Ренџерс, Јанис Хаџи.

Голмани: Флорин Нита (Спарта Прага, Чешка), Јонут Раду (Интер, Италија)

Одбрана: Василе Могош (Киево, Италија), Богдан Тиру (Јагелонија, Полска), Јонут Неделцеару (АЕК Атина, Грција), Драгош Григоре (Лудогорец, Бугарија), Алин Тошца (Газиантеп, Турција), Влад Кирикеш (Сасуоло, Италија), Кристи Ганеа (Арис, Грција), Адриан Рус (МОЛ Фехевар, Унгарија)

Средина: Сергиу Ханца (Краков, Полска), Ражван Марин (Калјари, Италија), Александру Крету (Марибор, Словенија), Николае Станчиу (Славија Прага, Чешка), Јанис Хаџи (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Александру Максим (Газиантеп, Турција), Александру Балута (Академија Пушкаш, Унгарија), Ерик Бикфалви (Урал, Русија), Валентин Михаила (Парма, Италија), Денис Ман (Парма, Италија)

Напад:  Клаудиу Кешеру (Лудогорец, Бугарија), Георге Пушкаш (Рединг, Англија).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни