Поврзете се со нас

Репрезентација

Романија по втор пат убедлива против репрезентацијата на Македонија

Објавено

на

Репрезентацијата на Романија уште еднаш славеше убедлива победа против нашата ракометна селекција славејќи и во вториот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во 2021 година.

Ракометарките на Македонија претрпеа висок пораз од 35:20 во натпревар во кој имаа свои пет минути само на стартот на натпреварот, а потоа Романија ја презеде играта во свои раце.

Македонија на стартот поведе со 3:1 и тоа беше се од нашите репрезентативки кои потоа целосната доминација ја препуштија на гостите од Романија кои сосема заслужено се пласираа на Мундијалот.

Меѓу избраничките на Симе Симовски најефикасна беше Елена Ѓорѓиеска со шест погодоци, додека Ливрниќ реализираше четири пати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни