Поврзете се со нас

Светски првенства

Романецот кој имаше деби од соништата: Македонците ме навратија на лошите спомени од Серија А!

Објавено

на

Фото: Sport Pictures

Валентин Михаила до крајот на својот живот ќе го памети своето деби во националниот дрес на Романија, но исто така ќе се сеќава и на македонската репрезентација која се погрижи за вистинска драма во Букурешт, која за жал имаше среќен крај за домаќините.

Избраниците на Игор Ангеловски имаат блескави 120 секунди и се вратија во игра по негативата од 2:0, но откако израмнија на 2:2 со головите на Адеми и Трајковски, домашната селекција се потруди за трет гол преку талентираниот Хаџи.

Јанис Хаџи го постигна клучниот гол за 3:2, но романскиот фудбал изминатава вечер доби уште една голема млада ѕвезда, Валентин Михаила кој на својот дерби настап постина погодок за 2:0. Фудбалерот на Парма е свесен дека во фудбалот нема време за чекање и покрај тоа што во февруари наполни само 21 година, но по средбата, за домашните медиуми нагласи дека храбрата игра на Македонија во завршницата го потсетила на најлошото сценарио од Серија А.

– Во фудбалот нема време за чекање, мора да се докажете најбрзо што можете, не смее да се испушти никаква шанса. Не сакаме да застанеме тука, сега имаме натпревар со Германија и ќе дадеме се од себе, – изјави Михаила и додава.

– Мојот сон е да заиграм на Европско или Светско првенство со Романија. Мора да погледнеме како дозволивме Македонците да се вратат во игра, треба да го поправиме тоа против Германија. Искрено, ми се вратија спомените од Серија А, од натпреварите на Парма каде од 2:0, ни израмнија на 2:2, – признава Михаила, алудирајќи на двата меча против Специја и Удинезе на кои Парма прокоцка комотна предност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни