Поврзете се со нас

Европски првенства

Романец е најбрзиот фудбалер на ЕП, Мбапе е дури на седмото место (ФОТО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/NationalaRomanieiOfficial

Вечерва започнува третото последно коло од групната фаза на Европското првенство, а во пресрет на тие нови возбудувања УЕФА ги објави имињата на најбрзите играчи на шампионатот, поточно играчите кои постигнале најголема брзина во досегашниот тек на 17. собир на најквалитетните селекции на стариот континент.

Позицијата број еден е за романското крило Валентин Михаила кој постигнал брзина од од 35,8 километри на час. Зад него е Ндоје од Швајцарија по што следат Хојлунд, Леао, Фримпонг и Мендеш.

На делба на седмото место се Тирни и Мбапе, а првата десетка ја затвараат Мудрик и Вокер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни