Италија
Рома закажала лекарски прегледи за засилување од Бундеслигата

Рома планира да го засили тимот со кој ќе настапува и во Лига Европа, а раководството веќе му обезбедило едно ново име на тренерот Жозе Мурињо.
„Кориере дело Спорт“ денеска објави дека спортскиот директор Тиаго Пинто веќе има постигнат договор со Еван Н’Дика и дефанзивецот ќе пристигне како слободен агент.
Рома имаше голема конкуренција за потписот на досегашниот член на Ајнтрахт, но Н’Дика се одлучил да соработува со Мурињо и ќе биде големо засилување за наредната сезона.
Италијанскиот медиум тврди дека Пинто веќе резервирал термин за медицински прегледи и тие се закажани за 15. јуни, по што ќе биде официјализиран трансферот, а Н’Дика ќе се приклучи уште на стартот на подготовките за следната сезона.
Фудбалерот ќе добие 2 милиони евра по сезона наредните пет години, а Рома ќе му одреди и покачување на платата при евентуален пласман во Лигата на шампионите.
✅#NDicka alla #Roma, le visite sono già prenotate: c’è la data🗓️ https://t.co/LXM9EVKiy6
— Corriere dello Sport (@CorSport) June 9, 2023
-
Англијапред 23 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 10 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 23 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата