Поврзете се со нас

Италија

Рома веќе има подготвено отказ за Јуриќ, познат и неговиот наследник

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Иван Јуриќ ги преживеа последните слаби резултати на Рома, но италијанските медиуми се убедени дека ќе биде отпуштен за време на претстојната пауза поради настапот на репрезентациите.

Американските сопственици на „волчицата“ го откажале денешното пристигнување во Рим, по кое се очекуваше да повлечат одредени потези, но тоа не значи дека Јуриќ уште долго ќе ја задржи актуелната функција.

Медиумите тврдат дека отказот за хрватскиот стручњак е веќе решена работа, а во моментов веќе се преговара со неговиот наследник.

Се работи за Роберто Манчини, тренерот кој до неодамна беше селектор на Саудиска Арабија, а претходно ја водеше Италија до титулата европски шампион. Последен клупски ангажман Манчини одработи во Зенит, каде работеше во сезоната 2017/18.

Рома утре се среќава со Болоња и веројатно тоа ќе биде последен натпревар на кој ќе биде водена од Јуриќ, кој досега има само четири победи на единаесет натпревари откако го наследи Даниеле Де Роси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни