Италија
Рома со ултиматум до Ѕаниоло: Или понудата од Премиер лигата, или ќе останеш на трибини!

Николо Ѕаниоло самиот се стави во ситуација да биде активен на трансфер пазарот и побара заминување од Рома, но во недостиг на примамливи понуди на четири дена пред истекот на преодниот рок, сега тој е оној кој е во незавидна ситуација.
Милан и Тотенхем се откажаа од ангажман на поранешниот италијански репрезентатиц кога ја дознаа сумата која ја бара Рома (најмалку 35 милиони евра), па во овој момент, активна е понудата само од англискиот премиерлигаш Бурнмаут.
Споменатиот клуб доставил понуда од фиксни 30 милиони евра и одредени бонуси за перманентен трансфер на Ѕаниоло, а истата ги задоволила апетите на „волчицата“ која сега не гледа никаква логика фудбалерот да остане во клубот.
Како што открива „Кориере дело Спорт“, Николо добил ултиматум од страна на водечките структури да ја прифати понудата која ја има на маса, или во спротивно, ќе остане на трибини до крајот на сезоната.
Од друга страна, Ѕаниоло не е баш убеден дека Бурнмаут е калибар на клуб кој ќе ги задоволи неговите стандарди, особено ако се знае дека овој тим е во опасната зона во Премиер лигата.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……