Поврзете се со нас

Италија

Рома со „тројка“ до трите бода со Џенова (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Тимот на Рома ја потврди фаворитската улога во вечерашното соочување со Џенова во рамките на 21. коло во италијанската Серија А.

Избраниците на Клаудио Раниери се изборија за седмо сезонско славје со резултат 3-1. Домаќините дојдоа до посакуваното водство по 25 минути игра благодарение на напаѓачот Довбик, меѓутоа таа предност кратко траеше затоа што веќе во 33 минута резултатот на семафорот гласеше 1-1 по погодокот на Масини.

До крајот на првиот дел немаше промени, па веднаш по одморот Раниери го уфрли во игра Ел Шарави, играч кој во 60 минута стралаше за нова радост на „Олимпико“. Во 73 минута Леали си постигна автогол и со тоа ги обезбеди трите бода за римската волчица.

Со 27 бода Рома е на 9 позиција на табелата.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни