Поврзете се со нас

Италија

Рома со специјална објава: Страствениот спринт на Мурињо од најдобар агол (Видео)

Објавено

на

Жозе Мурињо го продолжи перфектниот старт во Серија А по кам-бекот во Италија, бидејќи неговата Рома вчера на драматичен начин го победи Сасуоло со 2:1.

Иако цела седмица се обидуваше да потенцира дека тоа е само натпревар плус, Португалецот по трилер завршницата и победата од 2:1 во судиското продолжение, призна дека всушност се залажувал себе и сите околу себе.

За Мурињо ова беше 1000-ти натпревар како професионален тренер, а погодокот на Ел Шарави направи да го видиме Мурињо во светло како од неговите денови во Порто кога беше на стартот на кариерата.

Жозе истрча неверојатен спринт до трибината и лудо го славеше победничкиот гол, па на прес-конференцијата даде и објаснување пред новинарите.

– Денеска немав 58 години, туку некаде меѓу 12 и 14, едноставно се претворив во дете бидејќи ми се оствари желбата. Цела недела се залажував себеси и другите дека ова е обичен натпревар за мене. Сепак се работеше за специјален натпревар и не сакав да загубам, сега до крајот на животот ќе го паметам илјадитиот натпревар во кариерата, – изјави Мурињо.

Во негова чест, Рома денеска го проследи целосното видео од спринтот на Мурињо од најдобар агол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни