Поврзете се со нас

Италија

Рома со „минималец“ до четврта победа сезонава (Видео)

Објавено

на

Еден момент на невнимание во одбраната на Удинезе беше доволен за Рома да постигне гол и да стигне до победата (1:0) на последниот натпревар од петтото коло на Серија А.

Удинезе беше екипата која не реализираше зицер во 35. минута од средбата, за во следниот напад Калафиори да испрати топка до Ејбрахам, кој се снајде одлично во шеснаесетникот на гостите и го постигна единствениот гол на оваа средба.

Избраниците на Жозе Мурињо ќе бидат задоволни од епилогот без разлика на неубеливата игра, а она што е проблем за Рома е црвениот картон кој во финишот го заработи капитенот Лоренцо Пелегрини.

Пелегрини доби втор жолт картон за удар со лакт на протинвнички играч, па сега ќе го пропушти градското дерби со Лацио.

„Волчицата“ ја оствари четвртата победа во Серија А и заостанува само три бода зад лидерот Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни