Поврзете се со нас

Италија

Рома сепак презема важен чекор по срамниот пораз од Јунајтед

Објавено

на

Голем дел од италијанската јавност очекуваше отказ за Пауло Фонсека уште во петокот наутро, но сепак тренерот на Рома ги преживеа наредните неколку дена по срамниот пораз и ужасното издание на „Олд Трафорд“.

Поразот од 6:2 ги разбесни фановите на клубот, но иако одговорните лица решија да не избрзуваат со одлуката, два дена по последниот пораз во Серија А, пристигна официјална потврда дека Рома и Фонсека ќе се разделат по крајот на сезоната.

Во официјалното соопштение, се наведува дека договорот на Фонсека нема да биде продолжени и нивните патишта ќе се разделат по крајот на оваа сезона, која стручњакот професионално ќе треба да ја доработи.

– Во име на сите од Рома, сакам да му се заблагодарам на Пауло Фонсека за напорната работа и лидерските капацитети кои ги покажа во изминатите две години.

– Пауло го водеше тимот низ неколку тешки предизвици, вклучувајќи ја Ковид пандемијата и промената на раководството. Му посакуваме се најдобро до крајот на сезоната и по крајот на нашата заедничка работа, – изјави првиот човек на Рома, Дан Фридкин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни