Поврзете се со нас

Италија

Рома се јави со официјално соопштение за инволвираноста на двајца играчи во обложувачкиот скандал

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Николо Фаџоли, Николо Ѕаниоли и Сандро Тонали ќе ги сносат последиците и ќе мора да паузираат од фудбалот поради скандалот кој го режираа во фудбалска Италија, но драмата со обложување добива уште поголем размер поради секојдневните шпекулации на медиумите и новинарите.

Се поголем број на имиња се надополнуваат во скандалот од страна на претставниците на седмата сила, но од вчера почнаа да доаѓаат и првите официјални деманти од клубовите.

Новинарот Фабрицио Корона ризикува да добие неколку тужби поради споменувањето на три нови имиња, па откако Казале најави тужба за клевета, денеска со официјално соопштение се јави Рома.

„Волчицата“ излезе со реакција после лошата репутација која ја добија Залевски и Ел Шарави во изминатите неколку часа, па нема да биде изненадување доколку фудбалерите лично се одлучат за правни мерки против новинарот.

– Како одговор на неодамнешните гласини во врска со наводна вмешаност на некои од играчите на клубот во истрагата за обложување, АС Рома ја изразува својата целосна поддршка кон Никола Залевски и Стефан Ел Шарави, кои беа изложени на шпекулации кои им наштетија на угледот. Клубот има целосна доверба во Никола и Стефан кога тие тврдат дека немаат никаква врска со оваа работа, – гласи објавата на Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни