Поврзете се со нас

Италија

Рома реши да додели откази поради гафот на средбата со Специја

Објавено

на

Раководството на Рома решило да отпушти неколку вработени во својот прв тим, поради гафот направен вчера за време на куп средбата со Специја.

„Волчицата“ направи шест наместо дозволените пет замени и со тоа ќе го загубеше натпреварот административно, дури и да ја победеше Специја на теренот.

Тимскиот менаџер Џанлука Гомбар и Маноло Ѕубирија кој исто така работел со сениорскиот тим ќе ја загубат својата работа во Рома, откако клубот решил да го санкционира пропустот поради кој се избламира пред фудбалската јавност.

Правилата велат дека може да се направат пет замени во најмногу три ситуации, при што во тие три не се сметаат замените на полувремето. Одговорните во Рома мислеле дека можат да направат уште една дополнителна замена во продолжението, но таа е дозволена само во рамките на вкупно пет замени за време на целата средба.

Дури и капитенот Лоренцо Пелегрини апелираше кај тренерот Пауло Фонсека дека замената на Педро е шеста, но тој беше игнориран, а Фонсека не прифати одговорност за грешката.

Рома направи сличен кикс и во првото коло од новата сезона, кога поради настапот на Амаду Диавара го загуби бодот освоен на дуелот со Верона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни