Поврзете се со нас

Италија

Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Екипата на Рома успеа да го освои целиот плен на вечерашното гостување кај Парма на „Енио Тардени“ во претпоследниот меч од денешната програма во Серија А.

Ова беше дуел кој и припадна на „волчицата“ со 1-0 со мајсторскиот погодок кој во првиот дел го постигна Матијас Соуле. Аргентинецот погоди фантастично од слободен удар во 33 минута, односно дојде до вториот лигашки гол во тековнава кампања. (ОВДЕ можете да го погледнете)

Од оваа пресметка вреди да се издвои и брилијантната интервенција на Зион Сузуки кој за неколку секунди спречи два удари на противникот, потег со кој сигурно влегува во конкуренција за одбрана на сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни