Поврзете се со нас

Лига Европа

Рома победи, Мурињо во свој стил: Овој резултат ќе биде добар само ако…

Објавено

на

Рома го победи Реал Сосиедад со 2-0 и со тоа направи голем исчекор кон пласман во четвртфиналето на Лига Европа.

Ел Шарави и Кумбула донесоа триумф за домаќините на „Олимпико“, резултат за кој тренерот Жозе Мурињо не сакаше да каже дали е добар или не.

-Ми се допадна организацијата во играта, трудољубивоста, емпатијата на теренот. Ние си помагавме едни на други. Тешко е да се игра против тимови што ја користат шемата „дијамант“ но средината на теренот. Веќе игравме против такви тимови како РБ Салцбург и Емполи, но е тешко. Моравме да покажеме силен карактер затоа што кога не ја поседувате топката долго време, психата е од големо значење. Го контролиравме натпреварот, иако помалку ја поседувавме топката. Ова резултатот би бил добар само ако не дозволиме три гола во реваншот. Не би рекол дека еден резултат е добар по првиот натпревар, -порача Португалецот во свој стил.

Реваншот во Сан Себастијан е закажан за 16 март, а ако се земе во предвид актелната форма на Сосиедад тогаш Рома има огромни шанси за пласман во наредната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни