Италија
Рома планира нов стадион за големиот јубилеј

Рома е уште еден италијански клуб кој планира изградба на нов стадион, а истиот ќе се обиде да биде готов до прославата на стогодишнината од формирањето на клубот.
Раководството најави дека започнало проект со кој би се најавила изградбата на стадионот, кој треба да биде готов до 2027 година.
Одговорните работат и на финансиската конструкција, дел што може да биде проблематичен поради зголемените цени на градежните материјали и енергенсите.
Стадионот ќе се гради во реонот Пјетралата, а експертите велат дека мисијата да биде готов до 2027 година ќе биде тешка, но не и неостварлива.
Рома традиционално ги игра своите натпревари на „Олимпико“, кој е во сопственост на градот Рим и каде настапува и големиот градски ривал Лацио.
-
Светпред 18 часа
Данецот се повлече од терените: Хансен ја прекина кариерата поради стрес!
-
Шпанијапред 22 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Францијапред 14 часа
Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)
-
НБАпред 24 часа
Момент за историја: Абдул-Џабар лично му честиташе на ЛеБрон за рекордот (Видео)
-
Светпред 15 часа
Реал го потврди статусот на фаворит и ќе се бори за пехарот на Светското клупско првенство (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 15 часа
Митревски блескаше и му ја донесе првата победа на Порто во ЛШ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Братот на Меси жестоко ја нападна Барселона: Никој не ги знаеше пред Меси, тие се предавници
-
Англијапред 14 часа
Санчо даде гол по пет месеци, Јунајтед немаше сили за целосен пресврт (ВИДЕО)