Поврзете се со нас

Италија

Рома „откажа“ и втор трансфер во два дена, сега оди на трета опција за дефанзивно засилување

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома се најде во навистина невообичаена ситуација, откако во два дена пропаднаа два најавени трансфери за иста позиција.

Најпрвин беше откажан трансферот на Кевин Дансо од Ленс, иако австрискиот репрезентативец допатува во Рим, но наводно не ги поминал лекарските прегледи, по што мораше принудно да се врати во Франција.

„Волчицата“ експресно најде замена во Тиаго Џало, кој не е во прв план во редовите на Јувентус, но и покрај договорот меѓу двата клуба за заем, Џало и Јувентус на крајот решиле да ја откажат најавената акција.

Најупатените медиуми тврдат дека Рома одолговлекувала со потпишувањето на документите, па иако Џало поминал соодветни прегледи за да има основа да се пресели во нов клуб, на крајот заедно со Јувентус решил да остане во Торино и во новата сезона.

Тоа значи дека Џало повторно ќе тренира со првиот тим и Тиаго Мота ќе му даде шанса да се наметне и докаже, односно да се избори за минутажа во долгата и напорна сезона за „бјанконерите“.

По ваквиот епилог, Рома се свртела кон третата дефанзивна опција, а тоа наводно е Марио Ермосо кој е слободен агент откако го напушти Атлетико Мадрид со истечен договор.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни