Поврзете се со нас

Лига Европа

Рома остана непоразена во Ротердам, Икарди со гол во судиското продолжение го запали Истанбул (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Калчолигашот Рома се избори за поволен резултат во пресметката со Феенорд во Ротердам во рамките на 1/16 финалето на Лига Европа.

„Волчицата“ загуби со 1-0 на последното гостување на овој терен, но вечерва се избори за друг резултат, реми од 1-1 кое ги става во подобра позиција пред реваншот закажан за 22 февруари на „Олимпико“ во Рим.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Паишао во судиското продолжение на првиот дел. Одговорот стигна во 67 минута кога Лукаку се најде на вистинското место и ги постави конечните 1-1.

Галатасарај пак во Истанбул се избори за славје во дуелот со Спарта Прага од 3-2 и тоа во средба во која голот за победа го даде Икарди во 91 минута.

На другите средби Спортинг го доби Јанг Бојс со 3-1, а Шахтјор и Марсеј ремизираа играјќи 2-2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни