Поврзете се со нас

Италија

Рома ќе понуди двајца играчи за да го обезбеди останувањето на Салемакерс

Објавено

на

foto: x.com/ASRomaEN

Најавите за реконструкција на тимот под водство на идниот тренер е реална ситуација во летниот преоден рок во таборот на Рома, а „Газета дело Спорт“ тврди дека актуелното раководство инсистира да го задржи Алексис Салемакерс.

Белгиецот настапува како позајмен играч од редовите на Милан, но актуелниот тренер Клаудио Раниери и директорите на „волчицата“ инсистираат на откупување на договорот на крилниот фудбалер.

Рома е подготвена да понуди двајца играчи за реализација на идејата, а прв кој може да остане во Милан на сличен начин е Тами Ејбрахам, кој исто така настапува како позајмен играч, но во редовите на „росонерите“.

За комплетирање на трансферот може да биде понуден и Брајан Кристанте, италијански репрезентативец кој го загуби статусот кој го имаше кај претходните тренери на Рома, а би бил искористен за да се исполнат финансиските барања на Милан.

Без разлика на реализацијата на идејата поврзана со Салемакерс, Рома ќе се обиде да се ослободи од Ејбрахам и Кристанте во текот на летото, а би требало да биде пронајден купувач и за летното засилување Марио Ермосо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни