Поврзете се со нас

Италија

Рома ја наполни мрежата на Парма, Дибала го надмина Игуаин (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала денеска беше посебно инспириран и ја предводеше Рома до убедлива победа над Парма (5:0), во натпревар со кој е означен старт на неделната програма во Серија А.

Аргентинецот уште во 8. минута реализираше пенал за предност на неговиот тим, за Салемакерс само пет минути подоцна да најави каков епилог ќе има денешната пресметка на „волчицата“ со Парма.

Дибала успеа да се снајде најдобро во противничкиот шеснаесетник и во 51. минута, кога ударот на Довбик се претвори во додавање, а неговиот репрезентативен колега Паредес погоди од белата точка за 4:0.

Точка на средбата стави Довбик на асистенција на Дибала, па Рома успеа да испрати соодветна божиќна честитка за своите фанови.

Дибала со денешните два гола се издвои на третото место на вечната листа на најдобри аргентински реализатори во Серија А, откако со 127 гола сега има два повеќе од Гонзало Игуаин. Пред него се уште Креспо со 153 и Батистута со 183 постигнати погодоци во италијанското првенство.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни