Рома ја „истрола“ Барселона: Нзонзи пристигна во Рим со страшно обезбедување (Видео)

Nzonzi1

Навивачите се уште не го заборавиле случајот Малком во кој Бразилецот беше најавен како засилување на Рома, пред во последен момент да се премисли и да потпише за Барселона.

Откако „волчицата“ го обезбеди потписот на Французинот Стефан Нзонзи, секогаш иновативниот Твитер профил на Рома го искористи тоа искуство за интересно видео со кое беше испратена порака до Барселона дека овојпат Нзонзи има сериозно обезбедување и Италијанците нема да остават ништо на случајот.

Facebook Коментари