Поврзете се со нас

Конференциска лига

Рома „испука петарда“, Мурињо незадоволен: Не игравме добро…

Објавено

на

Составот на Рома оствари убедлива победа над ЦСКА Софија (5-1) во мечот од првата рунда од Конференциската лига на УЕФа, но и покрај триумфот тренерот Жозе Мурињо не беше задоволен од изданието на неговата екипа.

Португалецот верува дека доста работи им недостасувале и не заслужиле со ваков резултат да го совладаат бугарскиот претставник.

-Не игравме добро. Навистина создаваме тим, но не ми се допадна нашата игра. На моменти бевме ок, се формира силен тим, веќе разговаравме за тоа и мора да бидеме уште повеќе тим кога ќе имаме тешки моменти.

-Сепак, воопшто не бев задоволен од настапот. Не игравме квалитетно. Пред само два дена трениравме за ова, но бековите не притискаа многу, немаше доволно интензитет, загубивме многу одбранбени дуели. Не можам да кажам дека одигравме лошо, ама не бевме доволно добро, особено не за да победиме со резултат од 5-1. Да, имаме поголем квалитет од ЦСКА Софија, но не направивме доволно, -рече Мурињо.

„Волчицата“ овој викенд ќе се обиде да ја продолжи одличната серија и да слави над Верона во домашниот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни