Поврзете се со нас

Италија

Рома го потврди новиот договор за Де Роси

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Даниеле Де Роси ја продолжи соработката со Рома и сега има договор со италијанскиот клуб до 2027 година.

„Волчицата“ играше во одлична форма во завршниот дел од претходната сезона, односно откако Де Роси ја презема екипата од Жозе Мурињо, а тоа беше јасен сигнал дека треба да се задржи клупската легенда на подолг рок.

Де Роси беше привремен тренер, но резултатите му овозможија да го очекува она што денеска и го доби официјално, а тоа е договор до 2027 година.

Рома под водство на Де Роси стигна до 14 победи, 6 нерешени резултати и 6 порази, а римскиот клуб стигна и до полуфиналето на Лига Европа.

Пред да ја преземе Рома, Де Роси имаше искуство како тренер на СПАЛ и асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни