Поврзете се со нас

Италија

Рома го освои Салерно за втора победа под водство на Де Роси (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Составот на Рома ја забележа втората победа под водство на новиот тренер Даниеле Де Роси, победа на гостувањето во Салерно кај Салернитана со 2-1.

„Волчицата“ упати далеку помалку удари од домаќинот, но своите шанси ги искористи и дојде до посакуваните три бода. Најзначаните моменти се случија во второто полувреме, па така Дибала во 51 минута го отвори резултатот со прецизен удар од 11 метри.

Веќе во 66 минута тимот од италијанската престолнина зголеми на 2-0 преку капитенот Пелегрини. Домаќините ја вратија неизвесноста со голот на Кастанос во 70 минута, меѓутоа до крајот немаме промени и фаворитот дојде до значаен триумф.

Рома со 35 бода е на 5. место на табелата, Салернитата со 12 поени го држи „фенерот“ во лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни