Поврзете се со нас

Италија

Рома го обезбеди петтото место, Јувентус поразен на Сардинија (Видео)

Објавено

на

Рома оствари победа на гостувањето кај Торино (2:3) и си го обезбеди петтото место на коло до крајот на Серија А, додека шампионот Јувентус загуби од Калјари на Сардинија (2:0).

Торино поведе рано преку Беренгер, но Џеко и Смолинг направија пресврт уште во првиот дел, за Диавара од пенал да го зголеми водството во второто полувреме.

До крајот, реализираше Синго за домаќините за конечни 2:3, со што Рома има четири бодови повеќе од Милан и ќе обезбеди директен пласман во групната фаза на Лига Европа.

Јувентус уште еднаш ги разочара своите фанови, па иако со неколку промени во составот, не успеа да постигне ниту гол на гостувањето кај Калјари.

Домаќините поведоа уште на почетокот преку Ганолјо, а Симеоне пред крајот на полувремето ги постави конечните 2:0. Јувентус не успеа да го совлада расположениот Крањо, а фактот што Роналдо не постигна гол значи дека Имобиле е многу блиску до титулата најдобар стрелец во Италија и Европа, бидејќи има четири голови повеќе во однос на Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни