Италија
Рома го комплетираше невообичаениот трансфер и испиша историја во Серија А
Рома и фановите на римскиот клуб во еден момент го прифатија како реалност дека ќе го загубат Пауло Дибала поради богатата понуда од Саудиска Арабија, но не само што Аргентинецот направи филмски пресврт и остана, туку во Рим пристигна фудбалер од оваа азиска земја.
„Волчицата“ вечерва го промовираше за свој нов член Сауд Абдулхамид, фудбалер кој може да игра на двете бековски позиции и кој доаѓа од редовите на Ал Хилал, актуелниот шампион на Саудиска Арабија.
Рома ќе плати симболични 2,5 милиони евра со евентуални бонуси од половина милион, а овој трансфер е историски бидејќи Абдулхамид е првиот фудбалер од Саудиска Арабија кој ќе настапува во Серија А.
Новата 12-ка на Рома има 26 настапи за својата репрезентација и беше дел од неа на СП во Катар, вклучувајќи ја историската победа над Аргентина.
Деновиве се очекува Ал Хилал да го промовира Жоао Кансело како ново име во своите редови и замена за Абдулхамид кој пак ќе го чека своето деби за Рома можеби уште на дербито со Јувентус.
🪑👋🇸🇦 pic.twitter.com/tRhCE4Ompb
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 27, 2024
-
Балканпред 18 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 18 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 19 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 18 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 16 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 15 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 15 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед