Италија
Рома го казнила „проблематичниот“ Карсдорп

Рик Карсдорп се најде во невообичаена ситуација откако беше обвинет од тренерот Жозе Мурињо дека не се залагал доволно на еден од натпреварите пред паузата за СП, па неговата иднина на „Олимпико“ останува неизвесна.
Потврда за тоа е и фактот што Карсдорп по обвинувањата не се врати во составот, а не тренираше и на подготовките за мини турнејата во Јапонија. Фудбалерот експресно замина во Амстердам, а потоа и на одмор во Тајланд, а ќе треба да се појави на тренинг во пресрет на продолжението на сезоната.
Италијанските медиуми сега пренесуваат дека Рома веќе го казнила Карсдорп, не прифаќајќи го неговото објаснување дека не може да тренира поради психолошки проблеми.
Јануарскиот преоден рок ќе биде значаен за Холанѓанецот, но Рома веројатно ќе сака да го продаде, а не да го испрати на заем во друг клуб.
Италијанскиот клуб би барал околу 10 милиони евра за бекот, а како заинтересиран се споменуваше Јувентус, кој во меѓувреме мора да решава многу посериозни прашања.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар