Поврзете се со нас

Италија

Рома го избрала првиот кандидат за преземање на тренерската функција од Раниери

Објавено

на

foto:x.com/OfficialASRoma

Раководството на Рома и актуелниот тренер Клаудио Раниери, веќе најавија дека клубот е во потрага за тренер за наредната сезона, а „Кориере дело Спорт“ тврди дека е избран идеалниот наследник на идниот директор на „волчицата“.

Изборот паднал на Макс Алегри, искусниот стручњак кој во моментов е без ангажман, а последната сезона го водеше Јувентус од кого заработи отказ по триумфот во финалето на Купот.

Медиумот тврди дека Алегри ужива голем респект кај сопствениците на Рома и кај Раниери, па наскоро ќе започнат конкретни преговори со кои ќе бидат решени сите дилеми.

За да го прифати новиот предизвик, Алегри веројатно ќе бара одредени гаранции во однос на екипата и евентуалните трансфери, па Рома ќе треба да биде подготвена за сериозна соработка ако сака да добие позитивен одговор од трофејниот тренер.

Покрај двата периода во Јувентус, Алегри во Серија А претходно работеше како тренер и во Милан и Калјари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни