Италија
Рома го искористи фуриозниот почеток за победа во градското дерби (ВИДЕО)
Рома го искористи одличниот старт на градското дерби со Лацио и успеа да ја обезбеди победата уште во првите дваесет минути од натпреварот.
Домаќините влегоа помотивирани и проактивни во дербито и по првичната иницијатива, во 10. минута капитенот Пелегрини реализираше мајсторски за почетна предност на „волчицата“.
Додека Лацио уште беше во шок од раната предност на противникот, Дибала поведе контра на Рома, го проигра Салемакерс, а Белгиецот реализираше од втора, откако првиот удар му беше одбранет од Проведел.
Во продолжение „бјанкоцелестите“ имаа обиди да се вратат во натпреварот, шанси пропушти и Рома, но „волчицата“ издржа и во последните петнаесет минути во кои доминираше противникот.
Лацио останува на четвртото место со 35 бодови, додека градскиот ривал сега заостанува дванаесет бодови и е на десеттото место во Серија А.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…