Поврзете се со нас

Италија

Рома експресно ги потроши парите кои останаа во клупската каса поради пропаднатиот трансфер на Дансо (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/manu_kne

Рома имаше невообичаени 24 часа во клупските простории и мораше да го откаже ангажманот на Кевин Дансо, откако стоперот на Ленс не ги мина стандардните медицински прегледи во италијанската престолнина.

Поради големите непријатности, двата клуба соопштија дека трансферот пропаѓа и нема да се реализира, па така Рома остана во џеб со 25 милиони евра.

„Волчицата“ не остана мирна во френетичната завршница на летниот преоден рок и најде начин како да ги пренамени парите кои останаа во клупската каса, па така на потпис во Рим пристигна Ману Коне.

Станува збор за играч на врска кој може да покрие неколку позиции на теренот, а кој доаѓа од редовите на Борусија Менхегладбах.

Даниеле Де Роси ќе добие голем работник во средниоте ред во името на Коне, играч за кој Рома ќе издвои 20 милиони евра, пет помалку од сумата предвидена за Дансо.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни