Поврзете се со нас

Италија

Рома е подготвена за разделба со Дибала: Ако пристигне понуда…

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала од 2022 година е член на италијанска Рома, тим во кој пристигна од редовите на Јувентус, но и тим со кој е обврзан до 30 јуни 2025 година што значи е во последните месеци од актуелниот договор.

Тој за „волчицата“ има постигнато 36 голови на 95 натпревари, ама како што одминува време не е толку важен играч за екипата и постои реална можност во наредната година да го водиме во друга средина.

-Кога е во прашање Пауло, ние сме на почетокот на пазарот и почнаа гласините. Знаеме колку е важен за тимот и што чувствува за Рома. Ако дојде нешто (понуда), ќе слушаме, дури и ако тој е многу приврзан за нас. Засега сепак, нема никаков контакт [со ниеден друг клуб], -истакна спортскиот директор на калолигашот Флоран Гизолфи.

Аргентинецот минатото лето одби навистина богата понуда за да остане во Рома, па останува да се види која ќе биде неговата иднина на „Олимпико“ во наредните седмици.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни